АБОЛИЦИЈАТА ВАЖИ ЗА БОБО ДАЈНЕРС: Двојни аршини, за Бобо Дајнерс важи аболицијата на Иванов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двојните аршини станаа судската практика во македонскиот правосуден систем, а се започна со наивната изјава на Курто Дудуш кој пред ромите во општинскиот комитет на СДСМ во Шутка, најави дека членската книшка од СДСМ ќе стане втората лична карта во Македонија. Токму оваа навидум наивна изјава на висок партиски функционер на СДСМ стана реалност во Македонија со која живеат сите граѓани на државата. Партиските фунцкионери на СДСМ и владата станаа недопирливи пред ограните на правдата, а судството стана партиска испостава на СДСМ.

Имено двојните аршини на обвинителството дојдоа до израз и во случајот со сопругот на Шеќеринска за кого важи аболицијата од претседателот Иванов додека за обвинетите партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ не важи. Бобо Дајнерс е обвинето за затајување на данок во случајот кога ги издаваше становите на својата фирма. За време на колективната аболиција опфатен беше и сопругот на Шеќеринска, по што обвинителството ја сопре постапката. Сегашниот став на обвинителството е дека аболицијата не важи, но обвинителството се уште не ја продолжува постапката за сопругот на вице премиерката.

Класичен пример за двојните аршини во судството беше и ослободителната пресуда во случајот ,,Поткуп’’ каде првообвинет за барање мито беше премиерот Зоран Заев. Целата јавност беше сведок како тој бара поткуп од 200 илјади евра од струмички бизнисмен, но и покрај тоа судот го ослободи Заев, а пред тоа го преквалификуваше делото од примање во барање поткуп.

Додека судот ги ослободува високите функционери на СДСМ од било каква кривична одговорност, партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ се соочуваат со драконски казни за дела кои правниците ги оквалификуваат како смешни. Постарите генерации велат дека политичкиот прогон кој денес се случува во Македонија е многу сличен со оној кој го спроведувала поранешната комунистичка партија на Југославија чиј наследник денес е СДСМ. И тогаш партиотски настроените Македонци биле осудувани во монтирани случаи само поради љубовта кон Македонија истото се случува и денес. Во очи на договорот со Грција за промена на уставното име на Македонија сите оние кои се спремни да застанат на патот на владата на СДСМ и анти-државните политики кои ги спроведува истата се соочуваат со затворски казни во модерниот овој пат македонски Голи Оток.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This