(Обновено)АВИОНОТ ПРОНАЈДЕН ВО ПЛАМЕН: Авион се сруши во близина кај Ветерско во близина на Велес!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Приватен авион кој се обраќал од Дубровник исчезнал во околината на Скопје, дознава iNFOMAX.mk од извори во Контролата на летање на Скопскиот аеродром
avion_Pagja

Авионот со приватен комерцијален лет од Тревизо Италија е пронајден во атарот на селото Ветерско, велешко. Авионот сеуште е во пламен, кон него се упатуваат пожарни и медицински екипи.

СВР Велес примиле телефонска пријава од граѓанин дека слушнал експлозија во близина на с.Кожле.

Од страна на Алфа екипа од СВР-Скопје примена е пријава од граѓани дека забележале пожар кај с.Ветерско. Кон авионот во пламен се упатени медицински и противпожарни екипи.

Од СВР Скопје упатени се служби на овие локации.

Авионот бил мал комерцијален „Пајпер“ од италијанско производство регистриран во Германија. На терен веднаш се излезени екипи на МВР кои трагаат по авионот.

Телевизија Нова објави дека авионот кој исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром се урнал во близина на Катланово.
Првата информација за урнатиот авион пристигнала од жители на селото кои слушнале силен звук, удар и експлозија.
Во близина на селото Ветерско, атар на општина Велес е пронајден авионот кој пред околу половина час исчезна од радарот на скопскиот аеродром! Првичните информации од спасувачките служби се дека авионот е во пламен, а теренот е непристапен. Селото Ветерско е во непосредна близина на пункот на „Македонија сообраќај“ кој се наоѓа на познатата велешка тумба на автопатот Велес – Скопје, пред да започне спуштањето кон Катланово.

Претходно од МВР за Телевизија Нова потврдија дека има авион кој исчезнал од радарот на скопскиот аеродром.

Неофицијално станува збор за авион марка „Пајпер“ со германски национални ознаки кој полетал од Тревизо – Италија и во него имало 6 патници. Авионот бил уредно пријавен за дополнување гориво на Скопскиот аеродром.

Сигналот од радарот се изгубил во 17:35 часот на локација од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец на Велес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This