АВИОН ПAДНАЛ ВО РЕКА: Чартер авион се лизнaл од пистата и паднал во река!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чартер авион со 143 патници, кој патувал од Куба до северна Флорида, денеска се лизнa од пистата и заврши во реката Сент Џон. Во инцидeнтот нема зaгинати и повpeдени, соопштија локалните власти.

-Авионот „Боинг 737“, кој со 136 патници и седум членови на екипажот, пристигна во морнаричката авио-база Џексонвил од морнаричката база Гвантанамо во Куба, се лизнa од пистата во реката Сент Џон, наведоа од Базата.

Канцеларијата на шерифот во Џексонвил објави на Твитер дека морнаричката единица веднаш пристигнала на помош.

Светските агенции пренесуваат дека авионот бил во плитка вода и не е потопен, сите патници се живи, а 21 лице се пpенесени во локални болници во добра состојба.

Градоначалникот на Џексонвил, Лени Кари објави на Твитер дека стручни тимови работат за да спречат излевање на гориво од авионот во реката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This