АВМУ ,,УДРИ“ ПО СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА:Говор на омраза и неовластено користење лични податоци на малолетници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секторот за програмски работи испрати писмен извештај до директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, во кое предмет на вонреден надзор е контроверзниот стилист и водител Сергеј Варошлија и програмскиот блок „Мода“ што се емитува на 1ТВ.

Во извештајот инициран од граѓани кои биле исмејувани стои дека се користени материјали (фотографии) од социјалните мрежи без согласност на сопствениците меѓу кои и на малолетници, дека се прекршени правилата за користење на лични податоци, дека е користен „говор на омраза“.

Комплетниот извештај кој денес го споделуваа на „твитер“ прочитајте го ТУКА.

Инаку, Варошлија деновиве ја започна втората сезона од својата модна критика на 1ТВ. Најави дека со коментарите ќе настапи поостро од претходно, а на мета покрај минувачите низ улиците на Скопје беше и пејачката Елена Ристеска кон која упати како што вели тој добронамерно мислење и критика во поглед на нејзиниот моден израз.

Имено, својот коментар го започна со нејзините фотографии од Америка каде таа е моментално, а критиката ја стартуваше со шминката која не му се допадна.

Елена била во Америка, па нема кој да ја шминка и пак лута. Лош мејк –ап, веројатно на Американците сака да им остави впечаток и сама себе се упропастила со шминката. Елена никогаш не беше човек што сакаше да ме послуша мене или што ги слушала советите на другите, беше неговиот заклучок за фотографијата на која Елена има впечатлив црвен кармин и продолжи со тоа што нејзиниот израз го нарече „еленски“, како и тоа дека можеби носи копија чанта од познат бренд……..

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This