April 24, 2024, 10:27 pm

АВМУ ЌЕ ЈА ОСТАВИ 1 ТВ БЕЗ ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА: Вратите се зakлучени, Агенцијата пред десет дена се обратила за пomош до МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски за РСЕ вели дека побарале помош од МВР за обезбедување на документи од 1 ТВ затоа што размислуваат за одземање на дозволата на 1ТВ поради пропусти во емитувањето на програма, но не можат сами да ги земат поради заклучените врати на телевизијатАгенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги не е информирана за најавите за нов сопственик за телевизијата 1ТВ и од Агенцијата се уште никој не побарал одобрение за промена на сопственичката структура на телевизијата што значи дека како сопственици во Централниот регистар се Јасна Мандиќ и Миле Јовановски, вели за Радио Слободна Европа директорот на агенцијата Зоран Трајчевски. Тој вели дека Агенцијата размислува да и ја одземе дозволата на 1тв поради пропусти со емитувањето на програмата, но за тоа им се потребни конкретни материјални докази.

Ние не можеме да извршиме достава на никаква документација до 1ТВ бидејќи просторот таму е затворен со катанци, се емитува некаква си програма што не е во согласност со дозволата. За тоа е известено МВР и во координација со нив, тие преземаат конкретни мерки, затоа што ние немаме право да влегуваме во телевизијата внатре, вели Трајчевски.

Агенцијата пред десет дена се обратила за помош до МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This