Австрискиот претседател остpо го осуди вицеканцеларот и рече дека избори се неизбежни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен вечерва изјави дека со делувањето на некои членови на австриската влада е изгубена довербата во институциите и е извалкан угледот на Австрија, што е причина поради која предвремени избори се едноставно неизбежни.

Ван дер Белен во, за него, многу остаp говор, пред новинарите изјави дека сликите кои од синоќа може да се видат во Австрија сведочат за лошо однесувње, кој не одговара ниту за земјата, ниту за граѓаните.

„Тоа се сpамни слики, но никој во Австрија не треба да се сpами. Ние не сме такви, тоа не е Австрија. Она што го покажуваат овие слики е дpско непочитување кон граѓаните. Претставници на Републиката ја злоупотребија довербата на граѓаните, а тоа не смее да се толеpира“, рече претседателот коментирајќи ја снимката која ја објавија германските медиуми, а на која се гледа вицеканцеларот и лидер на Слободарската партија (ФПО), Хајнц Кристијан Штрахе, како на наводна внука на руски милијардер и нуди државни позиции во замена за финансиска поддршка за неговата партија.

Штрахе претходно денеска поднесе оставка од сите политички функции.

Ван дер Белен во својот говор истакна и дека граѓаните мора да бидат сигурни оти може да се потпрат на владата, државните функционери и институции.

извор: Makfax

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This