АВСТРИСКИТЕ МЕДИУМИ: Првите мигpaнти пристигнаа во Македонија, за 10 дена ќе бидат во Австрија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата голема група мигранти од грчко-турската граница веќе пристигнала во Македонија, тврди виенскиот весник „Естерајх“ додавајќи дека ќе бидат потребни 10 дена за да стигнат до австриската граница.

Весникот се повикува на фотографија добиена од разузнавачка служба на која се гледа група мигранти од речиси 1.000 луѓе на еден градски плоштад во Северна Македонија.

Авганистанците и Сиријците успеале да се провлечат во хаосот на грчко-турската граница и никој не знае колкумина од нив успеале да поминат, наведува весникот.

„Во оваа прва група се работи за мажи и млади момци“, велат изворите на „Естерајх“.

Разузнавачките кругови сметаат дека ако не биде запрена на српската и хрватската граница, таа прва група би можела да стигне до австриската граница со Словенија за десетина дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This