АВСТРИЈА ГО ПРЕВЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЕУ: Во фокусот развивање на односите помеѓу ЕУ и Русија од јули

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрија за време на претседавањето со ЕУ ќе работи на развојот на односите со Русија, како и со еден од клучните играчи во сферата на безбедноста и стабилноста во Европа, според програмата на австриската Влада.

Како што стои во програмата, за време на мандатот, Австрија ќе организира серија состаноци на министрите за надворешни работи на земјите од Источното партнерство.

Главниот фокус на овие средби ќе биде посветен на Украина, како и решавање на кризата во Донбас, во согласност со програмата претставена од постојаниот претставник на Австрија во ЕУ Николаус Маршик.

“Бидејчи Русија игра клучна улога во стабилноста и безбедноста на Европа и светот како целина, задачата на Австрија ќе биде да продолжи развојот на односите меѓу Унијата и Русија”, рече тој.

Австриското претседателство со Европската унија започнува на 1 јули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This