АВСТРИЈА ЌЕ СЕ СПРАВУВА СО СТРАНСКИТЕ ИМАМИ: Австрија затвора седум џамии и ќе протера 60 имами заедно со нивните семeјства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека Виена ќе ги протера свештениците што се финансирани од странство и дека ќе бидат затворени седум џамии во земјата како дел од борбата против, како што кажа, политичкиот ислам.

Меѓу џамиите што ќе бидат затворени е и една во Виена, водена од турска крајнодесничарска организација, како и шест други што се под раководство на арапски верски заедници, соопшти Курц на прес-конференција.

„Во нашата земја нема места за паралелни општества, за политички ислам и радикални трендови“, изјави австрискиот канцелар.

Австрискот министер за внатрешни работи, како што наведува „Франс прес“, додал дека од земјата ќе бидат протерани шеесетина имами и нивните семејства.

Иако австрискиот закон забранува финансирање свештеници од странство, турската организација ATIB, на која ѝ припаѓаат имамите, пронашла начин да ја заобиколува забраната, изјавил министерот за култура, Гернот Блумел, чие министерство ги опфаќа и верските прашања.

Тој нагласил дека турската џамија се затвора поради краен десничарски екстремизам и поради тоа што нема дозвола за работа од австриската исламска заедница. Арапските џамии, пак, се затвораат поради салафистичките ставови што ги проповедаат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This