АВСТРИЈА ЌЕ ЈА ПРОДЛАБОЧИ СОРАБОТКАТА СО РУСИЈА: Австрискиот канцелар Себастијан Курц на средба со Путин договори значителна соработка со Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека е среќен што е во прилика да разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин за продлабочување на односите на Австрија и Русија како и за продолжување на соработката на двете земји.

Тој на почетокот на состанокот со рускиот претседател вели дека Русија и Австрија имаат долга историја на добри билатерални односи.

Во исто време, рускиот претседател истакна дека трговската размена помеѓу Русија и Австрија бележи раст, а постои мноштво на можности за развој на економската соработка.

,,Во претходниот период растот на трговската размена беше на ниво од 40 проценти, руските инвестиции во Австрија изнесуваа 23 милијарди долари, додека австриските компании инвестираа пет’’ вели Путин.

Рускиот лидер додаде дека постои голем број на прашања од заеднички интерес за кои ќе разговара со австрискиот канцелар.

Партијата на Курц е сестринска партија на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, а Курц е еден од најголемите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е класичен пример дека ниедна држава не треба да се ограничи во своите пријатели и дека треба да соработува со сите. Многу важен момент од изјавата на Путин е дека токму Русија во Австрија има инвестирано неверојатни 23 милијарди долари, можете да замислите каков животен стандард би имало во Македонија доколку оваа сума на пари се инвестира во нашата држава.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This