АВТОМОБИЛ „СКОКНА“ ВО ВАРДАР: „Запловил“ од кај „Жабарот“ се заглавил на фонтаните кај Камени мост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево во водите на реката Вардар, во непосредна близина на Камениот мост падна автомобил со патници.

Повикани се пожарникари за да интервенираат.

 

Кола во моментов се наоѓа  во реката Вардар, во делот меѓу Камениот мост и мостот Око во центарот на Скопје. Колата е заглавена меѓу фонтаните, а екипи од Бригадата за противпожарна заштита се обидуваат да го извадат возилото од водата.

Како што велат од Пожарната за САКАМДАКАЖАМ.МК во колата нема патници.

„Според изјавите на очевидци колата паднала во Вардар кај ресторанот ‘Жабар’ односно кај зградата на Владата. Информациите кои ги имаме од граѓани се дека девојка ја возела колата по кејот каде е забрането движење на возила односно во делот за пешачење и рекреација. Во еден момент колата паднала во Вардар, но не се знае кога девојката го напуштила возилото. Колата сеуште е со запалени фарови“, велат од Бригадата за противпожарна заштита за порталот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This