АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ ШТИП УШТЕ НЕ Е ГОТОВ: Од автопатот ни трага ни глас иако Сугаревски најави дека ќе биде готово до крајот на септември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на 17-ти септември изврши увид во изградбата на автопатот Миладиновци – Штип, при што истакна дека се очекува до средината на месец октомври автопатот комплетно да биде завршен.

Денес, на крајот од месец ноември, автопатот е далеку од готов, а уште подалеку од пуштен во употреба.

-Денеска со директорот на ЈПДП, Китанов, ја поминавме целата траса и извршивме увид во изградената делница. Со многу забрзано темпо се работи на последните неколку километри, на завршената траса се работи на поставување  знаци, табли и одбележување на коловозот. Грешките што ги наследивме ги коригиравме, сите проблеми ги надминавме и на крај имаме квалитетен автопат што ги задоволува сите меѓународни стандарди, изјави министерот Сугарески во средината на септември.

Тој тогаш потенцираше дека иако крајниот рок беше крај на септември, ќе има, како што рече,  „незначително“ пролонгирање поради временските услови во изминатиот период.

Денес е 23-ти ноември, па пролонгирањето на големо стана значително.

Ваквите лаги кои им ги кажа на граѓаните, Сугарески ги прикрива со молк. Тој ниту излезе на прес-конференција, ниту испрати соопштение во кое признава дека проценката му била грешна и дека не успеа да го исполни ниту ова ветување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This