АВТОРОТ КОЈ ГО „ПPEДВИДЕ“ KOPOHABИPУCOT: Вухан 400- coвpшено opyжје, погледнете што тој напиша уште во 1981

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Името на авторот со висок тираж Дин Конц станува вирално откако луди теории на интеренет велат дека тој го предвидел во еден од своите романи коронавирус пред скоро 40 години – дури и го именувал по кинескиот град од каде потекнува KOВИД-19.

Извадок од романот на американскиот автор „Очите на темнината“ од 1981 година се споделува на социјалните мрежи, имајќи во предвид дека тој пишувал за вирус со очигледно необична сличност со деншениот за кој експертите предупредуваат дека може да ни донесе пандемија.

„Тие ги нарекуваат нештото„ Вухан-400 “затоа што е развиен во нивните RDNA (research and development lab) лаборатории надвор од градот Вухан”, вели ликот во романот – повикувајќи се на истиот град кој е епицентарот на коронавирусот.

Ник Хинтон, кој ја објави оригиналната слика од романот, инсистира дека „романот на Дин Конц, напишан во 1981 година, го предвиде избувнувањето на коронавирусот!“

Сличноста набрзина го направи твитот вирален – и предизвика уште повеќе теории на заговор, при што читателите забележуваат како во книгата Вухан вирус се истакнува како „совршено оружје“ за да „избрише град или земја“.

„Ќе кажам дека нештото е близу до совршенство. Долга инкубација, асимптоматско ширење, заразна како пекол … “, шпекулираше корисник по име „Тринити“.

Оригиналното издание го именуваше вирусот „Горки-400“, по рускиот град каде е создаден, а дејствието е променето од Русија во Кина во 1989 година по завршувањето на Студената војна, забележува „Дејли Егзаминер“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This