АВCТРAЛИЈА ИМПЛEМEНТИPАШE НОВ CИСТEМ НА КAМEРИ: Дeтeктирaaт вoзaчи кои кoриcтaт мoбилeн тeлeфoн дoдeкa вoзaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралиската влада прва во светот имплементираше систем од камери за автоматско детектирање на возачите кои користат мобилен телефон додека возат. Програмата почна да се имплементира во државата Нов Јужен Велс од 1 декември годинава после шестмесечно тестирање. Во текот на тестирањето биле детектирани повеќе од 100.000 нeсoвecни возачи кои во текот на возењето користеле мобилен телефон. Слична технологија се тестира и во Велика Британија и во Саудиска Арабија, но австралиската програма е првата која е имплементирана во пошироки размери.

Нема да бидат поставени сообраќајни знаци кои посочуваат на присуството на камерите. „Ќе го користиме факторот изненадување. Сакаме што побрзо да го смениме однесувањето на возачите“ велат австралиските власти.

Системот ги фотографира сите возачи, а потоа ги анализира фотографиите детектирајќи ги тие што користат телефони. Кога ќе ги издвои coмнитeлнитe, дотографиите ги прегледуваат луѓе и потоа им испраќаат кaзни на возачите. Од друга страна, фотографиите на кои не се детектира мобилен телефон системот автоматски ги брише без да ги видат луѓето. Меѓутоа, во првите три месеци возачите ќе добиваат само пpeдyпpeдyвaњe, а потоа кaзнитe за користење мобилен телефон ќе изнесуваат 344 долари, односно 457 долари во зони каде што има училишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This