АГЕНТ НА ЦИА ВМЕШАН ВО ПУЧ: Американски шпион вмешан во обид за насилно менување на власт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот агент на ЦИА Џозеф Асад, кого Подгорица го обвинува за вмешаност во плановите за превземање на власта во Црна Гора пред изборите во 2016 година, тврди дека целата приказна е чист фалсификат.

Откако РТЦГ во четвртокот објави дека црногорските обвинители распишале црвена потерница на Интерпол по Џозеф Асад, заради основано сомнение дека бил член на криминална организација која во Октомври 2016 година, планирала насилно превземање на власта, да прогласи победа на Демократскиот фронт и да спречи влез на Црна Гора во НАТО, Асад преку својот адвокат ги отфрла сите обвиненија.

Поранешниот агент на ЦИА во соопштението, кое го достави неговиот правен застапник Винсент Синтро, ги негираше сите наводи дека има било каква врска со ваводниот државен удар во Црна Гора, исткнувајки дека станува збор за „кампања за измама и клевета против лојален Американец кој немал никаква улога во било какви кривични дела или пуч во Црна Гора“.

Асад наведува дека во Црна Гора престојувал за лично да го советува западниот политички консултант и истакнува дека вистинската завера е токму тврдењето на обвинителството дека се работи за завера.

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This