АДВОКАТКАТА НА ЈАНАКИЕВСКИ И БОЖИНОВСКИ: Јанакиевски и Божиновски не дадоа никаква причина ни повод за да им се одреди мерка притвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас конкретно не знам за што разговарале тие, меѓутоа после даденото соопштение од кабинетот на претседателот на Република Македонија кое беше објавено во текот на минатиот ден е јасно дека не станува збор за некакви посредници и валидни службени белешки на основа на кои овој суд определи притвор како на обвинетиот Миле Јанакиевски така и на обвинетиот Кирил Божиновски, ова денеска пред судот го изјави Сања Алексиќ адвокатот на обвинетите Јанакиевски и Божиновски.

Таа додава дека одбраната секогаш соработувала со СЈО и сметам дека ваквото донесено решение со кое што се определува притвор за двајцата обвинети е повеќе поради неприсутноста на Никола Груевски, меѓутоа и судот во Стразбур по однос на истото има став дека однесувањето на сообвинетите не претставува основ за да се определи притвор на некој друг, во конкретниот случај ниту на обвинетиот Миле Јанакиевски, ниту на Кирил Божиновски  кои што не дадоа ниту причина ниту повод да се определи притвор, бидејќи доследно и без прекорно ги почитуваа мерките на претпазливост кои што беа определени во текот на јули 2017 година, што значи повеќе од една година.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This