АДВОКАТОТ НА БОГДАН ИЛИЕВСКИ: Во говорот од 27 април тој не ги повика граѓаните да влезат во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судењето за „крвавиот четврток“ денеска продолжи во доказна постапка со презентирање на доказите на обвинетиот Богдан Илиевски кој се смета за еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

Во судницата се презентираат снимки од говорот на Илиевски на 27 април пред Собранието на РМ во кој на самиот почеток и се обраќа на масата велејќи гласно да ги поздрават пратениците кои со сила седат во Парламентот.

Според адвокатот на Илиевски, Дончо Наков, обвинетиот во ниту еден момент во својот говор не ја повикува масата да влезе во законодавниот дом односно Илиевски во говорот рекол дека целата ситуација ќе се заврши на избори.

„Може да се слушне бучниот поздрав на демонстрантите, но никој не се упатува кон Собранието. Може да се види структурата на собраните кои се постари госпоѓи и пензионери. Ниту еден од нив не се упатува кон Собранието по говорот на Богдан Илиевски“, вели Наков.

Говорот се случува 30 минути пред насилниот упад на толпата во Собранието.

Адвокатот на Илиевски пред да почне да се емитува снимката од пред Собранието повлече поголем дел од спремените докази.

Претходно обвинетиот Борис Дамовски кој исто така се смета за организатор на протестите, идентично како и дел од останатите обвинети целосно ги повлече доказите кои ги имаат предложено во негова одбрана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This