АДВОКАТОТ НА БОЖИНОВСКИ И ЈАНАКИЕВСКИ: Без ниту еден аргумент, Обвинтелството определи мерка притвор за Јанакиевски и Божиновски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без ниту еден аргумент, Обвинтелството определи мерка притвор за екс министерот за транспорт Миле Јанакиевскии и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски во случајот „Титаник“, вели нивниот адвокат Еленко Миланов во „Отворено“ на Алфа.

Не постоеше ниту еден момент со кој би се потврдило дека од сите други мерки кои се определени истите не биле почитувани од Јанакиевски и Божиновски. Миланов вели, со мерките за претпазливост кои им беа определени, одземање на патната исправа и редовно јавување на закажаните рочишта, нивното присуство беше обезбедено во последните 16 месеци без ниту едно отсуство. Јанакиевски, вели неговиот адвокат, секојдневно е во судовите на различни судења.

Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заедно со поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски беа експресно притворени по неполни 24 часа, откако, поранешниот премиер Никола Груевски информираше дека ја напуштил државата и се наоѓа во Будимпешта. Јанакиески и Божиноски беа однесени во Шутка и покрај мерките за претпазливост кои им беа одредени од судот, а по барање на СЈО. За нивното апсење не беа информирани ниту судии кои им судат, ниту нивните адвокати.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This