АДВОКАТОТ НА ДАМОВСКИ ОЧЕКУВА ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА: Во обвинението нема основни елементи на делото, освен ако говорот не го сметаат за тероризам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжи судењето на лицата обвинети за тероризам за настаните на 27 април. За тероризам се обвинети уметници, еден од најдобрите оперски пејачи не само во Македонија, туку и во светски рамки, еден од најдобрите македонски актери, пратеници, граѓани кои протестираа за зачувување на Уставот на Македонија, велат многу од граѓаните.

Еден од обвинетите е режисерот Борис Дамовски, чиј адвокат, Рубин Двојаков, вели дека обвинението за овој случај не кореспондира со фактичката состојба. Во обвинението за тероризам како што вели адвокатот, има само едно дејствие, а тоа дека Дамовски држел говор со наратив за татковината.

Како што посочи Двојаков, Дамовски имал креативен и творечки опус.

-Тој како личност припаѓа на уметничката, а не на криминогената фела, кажа адвокатот на Дамовски.

Во судот продолжување изнесувањето на воведните зборови на адвокатите на обвинетите, а Двојаков кажа дека очекува фер судење и ослободителна пресуда.

Инаку пред два дена повторно во судските клупи се вратија Богдан Илиевски, Борис Дамовски, Игор Дурловски, Владо Јовановски, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Илија Славковски, Јане Ченто, Митко Чавков, Елена Доцевска, Абдуљафет Алими, како и пратениците Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Љубен Аранудов.

Уште од стартот на овој судски спор во јавноста гласно се зборува дека станува збор за политички монтиран случај, случај каде целта е одмазда кон политичките неистомисленици на власта.

Во овој случај за тероризам се обвинети пратеници, уметници, еден од најдобрите оперски пејачи не само кај нас туку и во светски рамки, додека како што се коментира во јавноста вистинските терористи се пушти на слобода.

Таков е примерот со обвинетите од случајот „Монструм“, чие дело е вратено од почеток за одлучување, иако тие беа осудени на доживотни казни затвор претходно за петкратното убиство, а сега се бранат од слобода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This