April 24, 2024, 10:00 am

АДВОКАТОТ НА ТЕРОРИСТИТЕ ДОБИ ФУНКЦИЈА: Бујар Дардишта од адвокат на терористите од „Диво Насеље“, директор на управа за матични книги

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот на терористите од Диво Насеље, Бујар Дардишта, е назначен за директор на управата за водење матични книги. Да не беше трагично, ќе беше смешно

 

 

Владата на Република Македонија, на вчерашната 56 редовна седница именувала дури 27 директори и заменици од редовите на коалицискиот партнер ДУИ. Вицепремиерот задолжен за Охридскиот договор, Хазби Лика, преку својот профил на Фејсбук ги објави имињата на новите директори и заменици, честитајќи им на изборот.

Но она што може да се забележи од списокот со имињата за деректорски места, поголемиот дел, се лица кои и до сега вршеле јавни функции, а кои СДСМ и самиот Заев, во улога на опозиционер, ги обвинуваше за вклученост во криминал и корупција. Многу е мал бројот на нови некопромитирани лица кои се назначени за директори или заменици.

Како најконтроверзни избори може да се издвојат Рафис Алити, познат како командант Мсуеси (Учителот), кој е назначен во ГА-МА, и Агрон Буџаку за директор на Центарот за управување со кризи, додека пак ново назначениот директор на Агенцијата за странски инвестиции, Вулнет Адеми, е поборник за голема Албанија, што јасно може да се види на неговиот Фејбук профил каде што објавува карти на голема Албанија.

Заменик директор на Катастарска агенција е избран Муса Ибраими, кој е поранешен пратеник и кој со погрдни зборови навредувал и им се заканувал на новинари заради направена вест за злоупотреби на пратениците на ДУИ.

Ова се новите 27 директори и заменици на државни и јавни институции:
1. Државен инспекторат за животна средина – Фејзула Спахија (директор)
2. Државен инспекторат за техничка инспекција – Екрем Буњаки (директор)
3. Државен инспекторат за транспорт – Руфат Хусеин (директор)
4. Државен инспекторат за шумарство и ловство – Ејуп Јахја (директор)
5. Биро за метрологија – Мерита Мустафаи (директор)
6. Биро за регионален развој – РамизРеџепи (директор)
7. Центар за управување со кризи – Агрон Буџаку (директор)
8. Агенција за стокови резерви – Рези Абдурахмани (директор)
9. Канцеларија за државна индустриска сопственост – Сафет Емрули (директор)
10. Дирекција за задолжителни нафтени резерви – Улуси Беќири (директор)
11. Агенција за поддршка на развојот на земјоделството –Елгафар Јусуфи (директор)
12. Затвор Тетово – Мурат Рамадани (директор)
13. Академија за наставници – Амир Зилбеари (директор)
14. Биро за правна експертиза – Валдет Џафери (директор)
15. Оддел за чување на книги – Бујар Дардишта (директор)
16. Биро за јавни набавки – Бардил Насуфи (директор)
17. Агенција за странски инвестиции – Вулнет Адеми (директор)
18. Дирекција за заштита и спасување – Екрем Зендели (заменик директор)
19. Дирекција за индустриски технолошки развојни зони – Асип Усенини (заменик директор)
20. Катастарска агенција – Муса Ибрахими (заменик директор)
21. Тело за ревизија на ИПА – Лиман Мухаџири (заменик главен ревизор)
22. Затвор Идризово – Феми Јонузи (заменик директор)
23. Затвор Скопје – Садуш Арифи (заменик директор)
24. Затвор Куманово – Мевлан Џемаили (заменик директор)

Во јавни акционерски претпријатија исто така се назначени неколку директори или членови на одбори на директори:
1. АД “Македонски енергетски ресурси” – Бајрам Реџепи
2. АД “Управување со водите на Македонија” – Илми Селами
3. АД “ГА-МА” – Рафис Алити

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This