Адвокатската Комора избира нов претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатската комора на Република Македонија денеска во Струга ќе го одржи 63. Годишно собрание на кое ќе се изврши избор на нови органи на Комората. Откако ќе биде избран нов Управен одбор на Комората, ќе биде избран и новиот претседател, откако му истече четиригодишниот мандат на Никола Додевски.

Како што објавија дел од медиумите, во игра за претседателското место на Адвокатската комора се петмината адвокати Љубомир Михајловски-Џанго, Александар Тортевски, Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски и Звонко Давидовиќ.

Воедно денеска ќе бидат одржани и „Денови на македонската адвокатура“, со што се одбележува 73 година од основањето на Адвокатската комора и 73 години адвокатура во Република Македонија, која во континуитет претставува носител во идеите и борбата за заштита на човековите права и слободи.

На настанот, како што информират од Адвокатската комора, се очекува да присуствуваат претставници на македонското правосудство, претставници на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница, претставници на адвокатски комори од повеќе држави, членови на Адвокатската комора на РМ и бројни почитувачи на адвокатурата и правото.

Во рамки на настанот свое излагање ќе има претседателот на АКРМ, Никола Додевски, претставници на институции, како и претставници на адвокатски комори од регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This