Адвokaтката Joшeвcка: “Тoa нe e cиcтeм – Тоа е pacпад нa cиcтeмот”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да ве разочарам – залудни се последните разрешувања на “озлогласените” судии бидејќи ниту еден процент не придонесуваат кон подобрување на состојбите во судството, да не зборувам пошироко, на подобрување на правната држава.

Скопје жариште на коронавирусот: Се полнат болничките капацитети, повторно…

Крвавиот рекет на Веља Невоља тежи 5 милиони евра:…

Единствената нивна употребна моќ е во статистиката, бројката на освета, за да има со што да се смират оние кои не ги разбираат ама баш воопшто судските прилики, маки и предизвици.

На пример, да не беше Лаличиќ слушната во “бомбите” цела јавност ќе се шокораше од фактот дека судија е разрешена за казнување на адвокат, особено што казната по жалба е укината. Цела јавност ќе бараше политичка позадина. Правдољубивите врескачи кои не ги заболува ама ич неправда нанесена на некој кој не им се допаѓа, ќе зборуваа за одлуки по нарачки. Ама вака, бидејќи “ја знаеме која е”, ок е да биде за глупост разрешена.

Тоа не е систем. Тоа е распад на системот. Тоа не е независно судство, туку неизвесно судство. А неизвесноста т.е непредвидливоста е карактеристика на држава во која нема владеење на правото. .

Нестручност и несовесност не се голи и недокажливи карактеристики на судија. Тие се мерливи, видливи и образложливи од судии професионалци. Слободното судиско убедување зад кое се кријат нарачките и порачките не може да претставува параван за злоупотреби.

Кога ќе дочекавме судии од било чии тефтерчиња и списоци да понесат одговорност и да бидат разрешени затоа што се вистински нестручни и несовесни, кога Судскиот совет ќе цени што всушност претставува нивното лошо работење и кога со тоа прочистување ќе ја убеди јавноста дека не е прво пикирано разрешувањто и името, па потоа барана причината и начинот, туку дека е санкционирано постапувањето и дека правдата е слепа за тоа кој е човекот кој стои пред неа, тогаш ќе почнеме да зборуваме за независност.

Сузана Јошевска Анастасовска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This