April 25, 2024, 10:59 am

АДМИНИСТРАТИВНО БРИШЕЊЕ НА ГРАНИЦАТА КОН КОСОВО: Беџет Пацоли имал визија, баш онаква како во Тиранската платформа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слободно движење, без лични карти да се патува меѓу Македонија и Косово. Ова е визијата на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли.

Слободно движење, без лични карти да се патува меѓу Македонија и Косово. Ова е визијата на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли. На денешната средба со Димитров изјави дека е среќен што засега меѓу двете земји се патува со лични карти но има и други идеи кои посакува да се реализираат. Нова безцаринска зона на границата меѓу двете земји и заеднички холдинг компании.

Еден ден да постигнеме да имаме целосно слободно движење на луѓето. Можеби е рано да се каже но ги охрабрувал луѓето да зборуваат за ова, ние меѓу нашите две земји да се движиме без лични карти. Повикав а за тоа ќе разговарам и со мојот колега Никола, во иднина да се создадеме заеднички холдинг компании и во железничкиот превоз и во изградба на автопатишта и во енергетската мрежа. Ниедна од нашите држави неможе самостојно да просперира во тие области, ние треба да изградиме заеднички холдинг, одвоени од политиката да функционираат како економски субјекти – Беџет Пацоли министер за надворешни работи на Р. Косово.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска најави заеднички владини седници меѓу Македонија и Косово и експерти кои би ги подготвиле точките.

Се договоривме да одржиме заеднички владини седници. Првата на почеток на идната година. Ние имаме солидно развиена правна рамка, имаме 19 билатерални спогодби, многу иницијативи од наша страна и одлични идеи од мојот драг пријател Беџет. Се договоривме двете министерства да одржат консултации каде што ќе се вклучат експерти од други министерства да подготват точки пред заедничката владина седница – Никола Димитров министер за надворешни работи на Македонија.

За одлуката во однос на барањето на Косово за членство во УНЕСКО, Димитров вели дека ќе се земат во предвид интересите на сите . Одлуката ќе се донела врз основа на интересот на Косово, Србија, но и согласно сопствените интереси, што ги вклучува и интересите на припадници на албанската заедница.
Дали Македонија пак планира да реагира до Советот на Европа за предложената мерка од 2020 година третите земји да аплицираат за дозвола за патување пред да пристигнат во ЕУ, Димитров рече дека „ако сакаме да бидеме дел од ЕУ и од шенген-зоната, тогаш слободата на движење е особено важна“ .

Извор
АлфаТВ

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This