April 19, 2024, 11:46 pm

АДМИНИСТРАЦИЈАТА СЕ ПOЛHИ: Пpитиcoците се зголемуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

40-тина нови административци ќе се вработат во Министерството за земјоделство. На огласот објавен денеска се бараат советници во кабинетот на министерот, соработници во неколку подрачни единици, како и лица за следење на квалитетот на органското земјоделство. За нив е предвидена нето плата до 25.000 денари. Во меѓувреме, истото ова министерство без најава прераспредели 50-тина вработени на нови работни позиции надвор од нивното место на живеење. За случајот алармираше и опозицијата. Од ресорното министерство се пpaвдаат – новите огласи и прераспределбите биле поради проекти финансирани од ЕУ.

„Ве известуваме дека огласот за вработување на 41 административен службеник е заради одржливост на тековни и нови проекти финансирани од Европската Унија. Прераспределбата во други населени места е направена поради зголемен обем на работа на местата на коишто се распределени службениците со цел непречено функционирање на работата која е поврзана со тековни и нови проекти финансирани од ЕУ“, велат од МЗШВ.

За еден ваков случај, минатата недела сторија објави и Алфа. 60-годишната Јованка Наунова од Свети Николе на само една година до пензионирањето ќе треба да патува по 40 километри до новото работно место во Велес. Јованка пред камерата на Алфа се пожaaли – кој ќе ја чува неподвижната ќерка додека е на работа.

„Ова е како да сакаат да се откажам од работа. А мене ми треба економска стабилност. Ми треба нега за детето 24-часа, а јас треба да патувам 40 километри до Велес, каде нема ниту автобуска линија“, вели Јованка Наунова.

Инаку, кон крајот на минатиот месец, за вработување во државната администрација се бараа 40-тина нови работници и тоа за пополнување на работни места во Агенциите за вработување и енергетика, Дирекцијата за заштита и спасување и центарот за управување со кризи, Агенцијата за цивилно воздухопловство… За новите вработени, се нудеа плати кои варираа помеѓу 250, па се до неверојатни 2000 евра. Власта најавуваше дека админситарцијата ќе ја реформира и ќе ја направи поефикасна. Наместо тоа, таа од ден на ден станува побројна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This