АДНАН ЏАФЕРОВСКИ, ЉУБИТЕЛОТ НА ХЕРПЕС И СИФИЛИС: Колку поголем плукач по Македонија и ВМРО, толку поголема функција во владата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аднан Џаферовски член на Извршниот одбор на СДСМ,кој на јавноста и стана познат како личност со голема омраза кон својата држава,ликувајќи статуси на фејзбук на Бранко Тричковски,каде уставното име на Република Македонија го поистоветуваше како херпес,како сифилис,како астма и менингитис,од страна на Зоран Заев беше награден со директорско место во Дирекцијата за заштита и спасување.

СДС и Зоран Заев,продолжуваат со груба партизација на државниот апарат,довчерашниот директор на дирекцијата за заштита и спасување е разрешен и на владина седница,а на негово место е поставен Аднан Џаферовски,член на Извршниот одбор на СДС.

Со оваа СДС ја продолжи тоталната партизацијата во јавната администрација,онака како што ветуваа од ,,чистачка до директор”.

Аднан Џеферовски во минатото на јавноста и познат по скандалозните ставови изнесувани на социјалните мрежи,каде неколу дена пред да биде поставен за член на Извршниот одбор на СДС го ликуваше скандалозниот статус на Бранко Тричковски,кој преку пост на фејсбук профилот искажа голема омраза кон уставното име на Република Македонија.

-Болест. Уставното име ми е како херпес, како стомачен вирус, како сифилис, понекогаш го доживувам као астма и менингитис, ме тресе како кравјо лудило! Го мразам! Превртувам желки во дворот во надеж дека ќе го избркам од мојот живот, пишува Тричковски.

Со овој избор СДСМ наместо да се откаже, го награди Џафероски со место во Извршниот одбор, а сега и со директорско место, поради тоа што сметаше дека името на државата е мизерија, херпес и сифилис.

СДС очигледно продолжува да поставува функционери владеејќи според максимата:

,,Колку поголем плукач против Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, толку поголема државничка функција си добиваш”

Џаферовски најверојатно знаејќи дека добро ја одработил црната кампања за СДС и Зоран Заев,сигурен дека му следува висока функционерска позиција на 30 јуни на својот фејсбук пост ќе напишe дека сега било „Време за службени патувања“, фалејќи се дека ќе ги троши парите на граѓаните на кревање чалам.

Набрзо потоа оваа објава беше избришана.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This