April 19, 2024, 11:35 pm

АКАДЕМСКАТА ЈАВНОСТ ВО ГРЦИЈА: Ако договорот од Преспа пропадне, Грција ќе мора да прифати двојна формула!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И академската јавност во Грција се вразуми, сакаат како и Ципрас, Македонија сама да си го смене името и Уставот но се свесни дека ако тоа не успее ќе мора да прифатат двојно име

Резултатите од референдумот во Република Македонија имаат две толкувања. Првото е “Да” тој е успешен, и ќе биде успешен дури и ако се соберат неговите “Не” гласови, со што ќе се обезбеди референдум на гласачите и валидност.

Тука сепак треба да се препознае интелигентниот аргумент на опозицијата за да се соберат “не” со воздржаност т.е. бојкот што го прави референдумо пропаднат.

Второто толкување е дека само еден од тројца Македонци е заинтересиран да го менува името на земјата. И тоа факт.

Типично, владата може да продолжи ако ги најде потребните пратенички гласови за уставни измени но ако се погледне рационално сосема е јасно дека моќта на ВМРО – ДПМНЕ како политичка идеологија е преголема со што факт е дека изборот би бил купен а не плод на народната волја.

Преспанскиот договор беше неверојатна победа за грчката страна.

Се доби се што се сакаше. Правото на користење на името Македонија само за грчка употреба. Македонија изгуби право да се нарекува така. Но тоа право го изгубија и нејзините жители и македонскиот јазик, што ќе се регулира со предложените уставни измени.

И ништо од ова немаше да се случи ако Грција немаше специфична тежина на Балканот да го наметне овој проблем како едногласна причина за донесување на позитивни одлуки за прием на малата држава во ЕУ и НАТО.

Но и со успешен Договор и уставни измени Грција може секогаш да стави вето. И нема потреба да го образложи зошто.

Што е иднината на политичката сцена? Што ќе се случи ако Македонија го отфрли Договорот од Преспа? Повеќе од изведно е дека Грција ќе биде приморана да го прифати двојното име, формула по која само за Грција и уште 10 држави кои ја признале Македонија како ФИРОМ ќе има ново име, а во институциите на ЕУ и НАТО земјата ќе партиципира под Уставното име, Република Македонија.

Ова е само еден од ставовите на академската јавност во Грција, поточно став на грчки професор по историја на Универзитетот во Атина, Антонис Лиакос кој навива за успешни уставни промени ни е реален дека доколку не успеат, Грција ќе мора да се задоволи само со двојна формула за името.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This