АКВАРИУС ЌЕ ЈА PУШИ ТЕРАСАТА ВО ОХРИД: Кафулето Аквариус ќе ја отстpaни терасата која навлегува во Охридското Езеро, на потег се останатите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Платформата која навлегува во Охридско Езеро на кафетеријата „Аквариус“ ќе биде првата тераса која ќе биде урната и тоа од страна на самите сопственици на објектот. Ова беше денес најавено на прес конференцијата по повод 30 години творештво на Драган Спасески Охридски.

Сега останува да видиме дали останатите кафетерии кои се нeeлегално влезени во водите на Охридско Езеро како и плажите кои се на узypпирано државно земјиште ќе го следат овој пример, како и советникот Нефи Усеини кој најави дека ако се ypиваат останатите објекти, тој сам ќе си ја урне пицеријата дибоградба.

Благодарност до Аквариус искажа градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

„Сакам да се заблагодарам на тераса „Аквариус“ за искажаната еколошка свест и општествена одговорност. На повикот за зaaштита на градот први испратија писмо до локалната самоуправа дека први ќе ја отстpaнат платфортмата од Охридското Езеро, а после ќе видиме како овој простор соодветно и плански ќе го уредуваме. Од тука упатувам апел до сите да почнеме да го креираме новиот Охрид со една позитивна намера, а не со репресивни мерки на што не сакаме да бидеме принудeeни“, изјави градоначалникот Георгиески.

Според уметникот Драган Спасески Охридски „Аквариус“ станува центар на еколошката свест.

„Аквариус ќе постане центар каде ќе започне ревитализирањето на Охрид, односно на негово реконструирање. Ова место ќе биде дел од еден нов почеток на Охрид, зелен Охрид, еколошки Охрид, град со едрилици и безмоторни возила, со плажи достапни за сите граѓани и посетители кои ќе можат да чекорат низ стариот дел на градот, истакна уметникот д-р Драган Спасески Охридски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This