Ако Британец се пpeceли во Македонија, секоја година ќе му остануваат 24 илјади евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според статијата на uk.finance.yahoo.com, нашата држава е најдобра опција за селење, кога се во прашање цените и трошоците за живот.

Според истражувањетол, Северна Македонија е најевтината земја во цела Европа за Британците да се преселат.

Тие во предвид земаат 11 „вообичаени трошоци“, а анализата ја прави „Ocean Finance “. При тоа, Македонија е победник во однос на сите други држави од Европа, со просечна цена на живеење од само 9400 евра годишно.

Трошоци кои се земени во предвид се: изнајмување на стан, комунални услуги, интернет, намирници, транспорт, членство во теретана, чаша кафе, деловен ручек, пивце, оброк во паб и ноќно излегување.

Британците, чии животни трошоци се 33 400 евра годишно, би можеле да заштедат неверојатни 24 000 евра годишно со селење во нашата земја. Значи ќе имаат повеќе пари за патувања, туристички тури и за рекреативни активности.
Тие пресметале дека деловниот ручек доаѓа околу 5,85 фунти, а изнајмувањето на една година во стандарден стан со две спални чини 2500 фунти, според истражувањето.

Велика Британија е 50% поскапа од просечната европска земја, слабо рангирајќи се на 41 од 49 земји кога станува збор за достапност.

Сепак, платите на Британците се исто така повисоки за 60% од европскиот просек, се покажа во студијата.

Молдавија е втора најевтина земја во Европа. Молдавија ја следат Азербејџан, Турција и Белорусија.

Ова се 10-те најевтини земји во Европа и годишните трошоци за живот во фунти:

Северна Македонија (8,484 фунти)

Молдавија (9.153 фунти)

Азербејџан (9373 фунти)

Турција (9.411 фунти)

Белорусија (9429 фунти)

Албанија (9.834 фунти)

Украина (10.069 фунти)

Казахстан (10.429 фунти)

Босна и Херцеговина (10.498 фунти)
Грузија (10.554 фунти)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This