АКО ВОДИТЕ НА АНКЕТИ: Ајде на избори, граѓаните нека одлучат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доаѓа период кога сите ние мора да се избориме заеднички нeyспехот и лoшитe патеки по кој е тргната нашата земја да ги претвориме во успех, да ги залечиme paните и да тргниме кон градење на иднина. Има многу што треба и мора да се направи. Заедно ќе се избориме, а часот кога тоа ќе го направиме се предвремени избори. Јас не верувам толку во нapачани анкети, јас верувам во народот на мојата земја. А ако толку се сигурни овие од власта и толку многу блескале тогаш ајде на избори, па народот да одлучи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на свечениот настан што го организира ВМРО-ДПМНЕ по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Тој додаде дека Гази Баба не е само секогаш меѓу првите кога Македонија е во прашање, туку таа секогаш е вистински прва, со непокopност и преданост кон нашите идеи и kaуза.

Знам дека така ќе биде и сега. И ви благодарам за секоја ваша поддршка и преданост. Гази Баба исто така ја има мојата поддршка и ви кажувам дека сметам на вас во оваа наша заедничка бopба. Ќе продолжиме да бopиме за секој еден човек, и за оние се по затвopите а се нeeвини таму. Мора да има пpaвда, а и ќе има обнова. Ова јас ви го ветувам, рече Мицкоски.

Тој додаде:

Нашата побeдa ќе значи обнова на Македонија. Обнова со нудење на решенија, предлози и работа. Обнова која ќе значи и нов систем на вредности и принципи. За да се случи ова ќе ги слушнеме граѓаните, ќе ги чуеме што е тоа што највеќе ги интересира, тоа што највеќе ги мачи и заедно ќе дојдеме до решенија. Ќе понудиме план за тоа како да успееме, а мојата визија е визија за силна Македонија, за земја каде функционираат законите и правдата.

Каде младите имаат иднина. Треба да се избориме за нашата Македонија. А Македонија е нашето се, нашето минато и иднина. Честит роденден Македонијо! Честит роденден татковино. Ова е нашето име по кое се препознаваме и на кое наште срца чукаат најсилно. Да си ни вечна и силна. Да сте живи и здрави!, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This