March 28, 2024, 10:20 am

АКО ИМА ТЕСТИРАЊЕ: Од 80 000 кои го напуштија Скопје, би ималo позитивни меѓу 4 и 8 илјади луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Олабавувањето на мерките направено под влијание на политика, а со цел да се делат пакети под превезот дека тоа е за социјално загрозени луѓе резултира со голем број на новозаразени. Со тоа добивме и една политичка партија која е кластер на ширење на болеста – рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Николов се осврна и на мерката за затворање на неколку градови меѓу кои и главниот град Скопје.

Повторно се воведе драконска мерка за затворање на Скопје. Ова е очигледно само да се остави впечаток дека нешто се работи. Што е ова карантинско затворање на Скопје или евакуација? Скопје го напуштија околу 20 илјади автомобили. Доколку епидемиолозите пресметаат претпоставувам по четири лица во автомобил значи Скопје го напуштиле околу 80 илјади лица и ако има тестирање меѓу нив би имале позитивни меѓу 4 и 8 илјади позитивни без симптоми кои се шетаат и го расејуваат вирусот. Би биле толку зошто во просек од тестираните имаме од 5 до 10 проценти новоинфицирани – рече Николов.

Според него карантинот за продолжениот викенд покажува дека власта е дезориентирана.

И повторно се направи грешка, мислам дека се замеша власта и политиката во работата на струката. На пример Сопиште кое е на 2 километри од Скопје нема карантин – кажа Николов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This