АКО МУ МИСЛИТЕ ДОБРО НА АВТОМОБИЛОТ,НЕМА ДА ВОЗИТЕ СО ПОМАЛКУ ОД ПОЛОВИНА РЕЗЕРВОАР ЗА ГОРИВО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една од работите кои во текот на возењето треба да ја избегнувате е возење со малку гориво. Потешко е тоа да се изведе, но, ама ако му мислиме добро на автомобилот, би требало да се грижиме и за овој момент.

Резервоарот за гориво никогаш не смее да е празен повеќе од половина од неговиот капацитет, затоа што на тој начин го чувате здравјето на моторот. Ова, доаѓа од фактот што, во наведениот случај, се кондензира повеќе вода заради разлика во температурата.
Независно дали се работи за бензин или дизел мотор, штените последици се исти.

Вода во горивото е еден од најголемите непријатели на вашиот мотор, затоа што предизвикува предвремена корозија на составот за вбризгување, а со тоа и проблеми во работата на моторот. Особено опасно е во оние периоди од годината кога времето драстично се менува, како на пример сега, кога ноќните температури се многу под минус, а дневните може да кренат и да направат разлила. Ова особено е изразено кај поголемите резервоари.

Ако пак се анализираат понови или постари возила, во однос на оваа тема, повеќе би требало да внимаваат сопствениците на постари возила, заради фактот што резервоарите се изработени од лим, за разлика од поновите кои се пластични. Лимот кородира, и на тој начин испушта состојки кои се мешаат со горивото. Тоа многу често доведува до расипување на Bosch пумпите.

Оваа појава кај механичарите е позната како “студентски синдром”, затоа што студентите или помладите возачи, заради помали финансиски можности многу често ги возат своите автомобили на резерва. А, истиот проблем може да го имаат и возила кои се возат само сезонски, па голем период од годината не се употребуваат.

Бидете крајно внимателни и кога точите гориво. Се утврди дека еден човек успеал да открие како бензинските станици ги мамат возачите.

Возачот во еден момент ја повлекол цевка од која не течело ништо.

За тоа време ги следел бројките кои растеле на апаратот и забележал дека резервоарот му бил и понатаму празен, иако “ставил” бензин за 50 долари.

После ова видео сигурно повеќе ќе внимавате на тоа како ставате гориво и од каде ставате:

Трик кој нема да ви го кажат на бензинска: Еве како до повеќе гориво за помалку пари

Доколку сакате да заштедите на гориво, еве неколку совети како тоа да го направите

Не точете до врв

Оној момент кога дршката за бензин ќе кликне и ќе престане да точи гориво во резервоарот, вашиот автомобил добил точно толку гориво колку што собира. Нема потреба да ја стискате рачката повторно, за да дополните. Тоа гориво ќе се разлее и моторот нема да го потроши, а вие ќе го платите.

Добро затворете го резервоарот

Бензинот ќе испари, ако има доток на воздух. Поради неисправни капачиња, годишно во воздух испаруваат 540 милиони литри гориво.

Одржувајте го моторот

Автомобил кој не поминал еко тест или има истрошени или неисправни свеќици може да троши и до 30 отсто повеќе.

Користете квалитетно масло​

Доколку употребувате масло кое го препорачува произведувачот на автомобилот може да заштедите 1 до 2 отсто на гориво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This