АКО НЕ ВИ ГО ,,БИВА” ДЕТЕТО, НЕМА ФАКУТЛЕТ: Заев најавува ,,реформи” во образованието со кои вашето дете ќе работи 2 дена во неделата уште на 16 години!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако не те бива, нема на факултет, со други зборови ова го кажа Зоран Заев на своето вчерашно гостување во емисијата клик плус на телевизија 21. Имено тој со новите законски измени за кои прв пат проговоре вчера, посочи дека планира да го yckpати основното право на децата на образование  кои не се доволно надapени, па истите од 16 години ќе одат на пракса, односно  работа дури два дена од неделата, наместо да одат на училиште!

-Вториот дел во дуалното образование е воведување на целосен нов систем на стручно образование. Кое што во текот на завршувањето на прва година средно образование ќе ви каже вам како родите или мене како родител извини ова првото дете ти е супер ама второто не ти е за факултет и не го пуштаме на факултет. И ќе ни кажат професорите, директорите на школите дека не може ова дете да ти оди на факултет. И ќе оди на стручно образование во втора година ќе оди два дена на пракса, трета година три дена на пракса, два дена од неделата ќе биде на училиште. И после 23 години има право да оди на факултет. И тоа се нешто што е употребилвио, во Германија во Австрија. Тоа мораме да го воспоставиме. Вториот дел, еве детенцето од 16 години средно школо веќе ќе биде и дел од помошта на фабриките, на угостителството. Секако тоа дете не може да биде со целосна продуктивност како возрасен човек над 18 години, но и тој дел ќе го пополни. Тоа ќе се случува во нашата земја, вели Заев.

 

-Сите сме се затекнале со роднини или пријатели кога гледаш дека двете или трите деца или четрите деца апла сите на факултет, а не се сите исти за на факултет. Значи треба да си го прифатиме и тоа, заврши тој!

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This