АКО НЕ КАЖЕШ ШТО НИ ТРЕБА, ЌЕ ПОДИГНЕМЕ ОБВИНЕНИЕ: Антонио Милошоски ги разоткрива методите на притисок врз сведоци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Никој од ВМРО нема да ти каже фала, доколку не дадеш соодветна изјава”, „Овој пат те повикуваме во својство на сведок, но следниот пат ќе бидеш во својство на обвинет”, „Тие нема да ти го гледаат семејството, размисли со кого ќе соработуваш”… На ваков начин, со притисоци СЈО се обидува да ги натера да лажат дека не ја помагале партијата, тврди Антонио Милошоски

antonio-milososki-katica-janeva

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим со уцени и со лажни ветувања се обидуваат да ги натераат членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцираат од партијата и да даваат лажни искази, вели Антонио Милошоски, од ВМРО-ДПМНЕ. Тој откри дека за наредниот период во СЈО се повикани поголем број на членови и активисти кои ги повика да постапат согласно законот, да не подлегнуваат на притисоци и да го пријавуваат секое незаконско постапување.

– Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на СДСМ. Единствена задача на Катица Јанева во наредниов период е да ја покрива безидејноста на Зоран Заев и да ги дефокусира граѓаните од вистинските теми од кои зависи нивната иднина. Катица Јанева се обидува да му помогне на Заев и да ги убеди граѓаните наместо пред избори да размислуваат за економската понуда на партиите, за нивните проекти, за нивниот капацитет и резултати во борбата со невработеноста, да размислуваат за политичките конструкции и манипулации смислени во Фабриката за афери. Затоа Катица Јанева изминатиов период се засили со истакнати и проверени кадри на СДСМ. Не и беше важно ниту фактот дека некои од нив лежеле и во затвор за измами – вели Милошоски.

Според неговите зборови, Јанева почнала отворена кампања против ВМРО-ДПМНЕ и почнала да врши притисоци врз членовите на оваа партија.

– Катица Јанева виде дека читањето на претходно напишаните прес конференции против раководството на ВМРО ДПМНЕ не го даваат посакуваниот резултат. Затоа Специјалното јавно обвинителство тргна во уште поотворена кампања против ВМРО ДПМНЕ. Како што наближуваат изборите, паниката и стравот на аболицираниот криминалец Зоран Заев се зголемуваат. Како што се зголемуваат паниката и стравот, така раснат барањата од СЈО. Затоа Катица Јанева изминатиов период почна со засилено темпо да врши притисоци врз поголем број на членови. Ваквите нејзини обиди имаат една цел, да ги заплашат и пасивизираат членовите на ВМРО.
Членовите на нејзиниот тим повторно се служат со истите незаконски методи. Со уцени и лажни ветувања се обидуваат да ги натераат повиканите да се дистанцираат од партијата и да даваат лажни искази – вели Милошоски.

Тој вели дека СЈО насила ги тера членовите на ВМРО-ДПМНЕ да лажат дека не ја помагале партијата.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– „Никој од ВМРО нема да ти каже фала, доколку не дадеш соодветна изјава”, „Овој пат те повикуваме во својство на сведок, но следниот пат ќе бидеш во својство на обвинет”, „Тие нема да ти го гледаат семејството, размисли со кого ќе соработуваш”…На ваков начин, со притисоци СЈО се обидува да ги натера да лажат дека не ја помагале партијата финансиски и преку поддршка на терен. ВМРО-ДПМНЕ сака да им порача на извршителите на наредбите на аболицираниот Заев дека ваквите притисоци нема да поминат. Партијата во минатото се соочувала и со покритични моменти и ги пребродувала. Излегувала посилна и поединствена. Така ќе биде и сега – истакна Милошоски.

 

[/kopa_block_quote]

Тој додаде дека правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе им помогне на сите оние што биле предмет на закана од СЈО за да процесуираат соодветни пријави до ЈО.

– Никој не е над законот па ни Заев и Катица Јанева. За наредниот период во СЈО се повикани поголем број на членови и активисти. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува да постапат согласно законот, да не подлегнуваат на притисоци и да го пријавуваат секое незаконско постапување. Ваквото однесување на Катица Јанева и нејзиниот тим не е ново, само се интензивира пред избори. Против тројца обвинители беа поднесени пријави за сторено кривично дело „малтретирање во вршење служба”, а против еден вработен во МВР и за нудење поткуп за лажен исказ. Обвинителите на СЈО се закануваа по телефони, повикуваа на средби на паркинзи, а директно заплашуваа и судии. Овој циркуз и девалвирање на правната држава има крај. Тој крај е на 11 декември кога народот ќе се определи за проекти и просперитет наместо за политички местенки и манипулации – истакна Милошоски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This