Ако не може пратеникот, да гласа неговата сопруга – предлага Апасиев „за да спречи квинслиншки анекс со Бугарија”

Поврзано

- Advertisement -
Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, продолжува да објавува примери од подбивните амандмани што партијата ги поднесе против предлогот на собранискиот спикер Талат Џафери , пратениците што се афектирани (болни или во изолација) од Ковид-19, да можат да работат онлајн. Меѓутоа, Апасиев ја објасни и целта на истите:„СДС на Нашата Земја, во соработка со ДУИ, се обидуваат да прошверцуваат противуставен Деловник за онлајн работа на Собранието, со единствена цел да може полесно да го ратификува евентуално склучениот квислиншки анекс-договор со Бугарија со кој се негира македонскиот јазик, нација и идентитет!
Пратениците од Левица се решени дека тоа нема да го дозвоат и затоа се одлучија на амандмански ФИЛИБАСТЕРИНГ.

Така на пример, Апасиев предлага оддалеченоста на пратеникот од Собранието да се мери во километри, а оптички кабел да обезбедува Генералниот секретар.


Понатаму, пратениците кои не се во можност да се конект да имаат право да го задржат неупотребениот глас и кога ќе соберат десет такви, да можат 10-те да ги употребат одеднаш, односно 10 пати да гласаат за една иста работа.

Во друг амандман, со оглед дека пратениците поради болеста можат да бидат спречени да гласаат дури и од дома, Апасиев саркастично предлага во нивно име да може да гласа и сопруг или сопруга на пратеникот/чката. Како што вели Апасиев во образложението, со овој аманадман се земаат во предвид реалните потреби од секојдневниот живот на „болните и изнемoштени пратеници“
- Advertisement -

СДС на Нашата Земја, во соработка со ДУИ, се обидуваат да прошверцуваат противуставен Деловник за онлајн работа на…

Posted by Димитар Апасиев – официјална страница on Thursday, December 3, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This