April 19, 2024, 10:10 pm

АКО НЕ ПРЕВЗЕМЕВ КОМАНДА ЌЕ ИМАШЕ ЖРТВИ: Чавков сведочи дека откако ја презел командата се смирила ситуацијата, претходно постоела збунетост!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како директор на Бирото за јавна безбедност максимално професионално и со интегритет ги извршував работните обврски. 30 години поминав во МВР. Не сум прескокнал ниту едно хиерархиско ниво. Бев министер во најголемата политичка криза. Се пензионирав како директор на БЈБ и завршив како обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбесноста, рече поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков во воведните зборови на денешното рочиште за насилството во Собранието на 27 април – пренесе порталот МКД.мк

Чавков во судница кажа дека поради збунетост и неодлучност на полициските службеници пред Собранието тој лично презел команда за консолидација, па со неговата проактивност и интервенција нападот на Собранието поминал без ескалации и без жртви, се реагирало навреме и за час и 20 минути ситуацијата била под контрола.

Чавков, како што рече ја донел одлуката за воспоставување републички оперативен штаб и 8 регионални штаба и дека протестите од иницијативата „За заедничка Македонија“ биле мирни за што имало 59 потпишани записници.

„Донесена е наредба на дневна основа да се изготвуваат планови за процена на ризик“, рече Чавков и потенцира дека имал и активна улога.

Чавков додаде дека го предложил Бесир Дехари да раководи со оперативниот штаб поради мнозинството во Собранието што го имала новата коалиција и евентуалното влијание, но министерот го назначил токму него.

„27 април беше ден како и сите претходни денови. 60-ти ден за спроведување на акцијата. По насилниот влез во Собранието, поради неодлучноста, пасивноста и збунетоста на раководителите на терен, лично јас во 19 часот ја презедов командата и телефонски ја координирав консолидацијата на полицијата“, рече Чавков и додаде дека во меѓувреме отишол во штабот во МВР.

Наредбата за примена на физичка сила и други средства за присилба и употреба на експлозивни средства ги дал тој и тоа, како што вели, го има во документите што се приложени како докази.

Пред судот Чавков додаде дека жали за неуспешноста на единиците при влез во Парламентот.

Инаку, обвинителката Вилма Русковска завчера во воведните зборови рече дека ќе докажат оти Чавков бил информиран за сите настани.

Извор
МКД.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This