April 26, 2024, 10:43 pm

„Ако Пендаровски како кандидат на власта се чувствува небезбеден, како ли треба да се чувствуваат граѓаните и кандидатот на опозицијата?“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателскиот кандидат на власта во втор обид, Стево Пендаровски се чувствувал небезбеден, обвинува за негово следење како вели веројатно и на неговото семејство. Пендаровски, поранешен полициски функционер, обвинува дека странски служби шетаат и го фотографираат него и неговото семејство. Истото обвинување беше поддржано и од Кирацовски, партиски генерален секретар и шеф на изборниот штаб на Пендаровски. А два дена Оливер Спасовски, вицепремиер, партиски противкандидат на Пендаровски, и воедно министер за внатрешни работи молчи за обвинувањата, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Јавноста мора да знае, дали државата е безбедна, дали Стево Пендаровски е безбеден, дали е следен од странски служби, кои се тие странски служби за кои што посочува Пендаровски? Спасовски е должен да одговори, постои ли безбедносен ризик, точни ли се обвинувањата на Пендаровски, која е таа опозициска партија за која зборува Пендаровски, а се надоврзува Кирацовски? Почитувани, постои можност и се сомневаме дека ова всушност е основа за следење на опозицијата од страна на власта, свесно се пласира лага за да се отвори истрага со која што би се дозволило следење на противкандидатите, рече Стоилковски и додаде:

„Ако Пендаровски, кандидат на власта, се чувствува небезбеден сега, како ли треба да се чувствува кандидатот на опозицијата? Какви ли избори најавуваат Пендаровски и Кирацовски? Спасовски мора да каже дали е способен да ги заштити претседателските кандидати и да обезбеди фер и демократски изборен амбиент, односно безбеден и демократски изборен ден. Ако Пендаровски како кандидат на власта се чувствува небезбеден, како ли треба да се чувствуваат граѓаните, гласачите во Република Македонија? Дали гласачите се небезбедни? Дали и другите кандидати треба да се чувствуваат небезбедно? Спасовски тоа мора да го каже, уште повеќе, доколку изјавите на Пендаровски се шпекулации и манипулација со јавноста заради тоа што е фатен во лага, тоа да биде соопштено“.

Алибито на Пендаровски, потенцираше тој, заради неговиот пораз на изборите не смее да биде заевизмот.

-Жртва не смее да чувството за безбедност а за тоа да биде обвинета опозицијата, а не власта. Токму затоа во Македонија ќе победи правото и правдата, ќе победи Гордана Силјановска Давкова, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Заевизмот паѓа, победува Честита Македонија!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This