April 25, 2024, 10:08 am

АКО ПОМИНЕ – ПОМИНЕ, ДА СИ ПРОБААТ: Телеком наплаќа долгови кои корисниците претходно ги немале преку наплатни агенции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рекетарство, или ако помине-помине. Единствено вака може да се дефинираат обидите на големите компании кои нивните пропусти се обидуваат да ги наплатат од грбот на крајните корисници

Имено, најголемиот телефонски оператор во Р.Македонија, Т-Мобиле Македонија во последниот период има обиди да наплати „долгови“ кои настанале поради неажурност на нивниот систем.

Акцијата „Магента“ која беше широко промовирана, со цел што поголем број на корисници да се префрлат на новиот тарифен модел, всушност била недоволно подготвена, па оние кои се одлучиле да се префрлат сега се соочуваат со телефонски повици од наплатни агенции кои од корисниците бараат да платат дополнителни сметки за четврти, петти и шести месец, како рата за некоја од претходно користените услуги или уреди кои ги земале како дел од промоцијата на Т-Мобиле.

Корисниците во суштина се оставени на цедило и од институциите кои не реагираат соодветно на овој обид на Т-Мобиле да си ги рефундира средствата за сопствените грешки и пропусти, калемејќи им на корисниците долгови кои никогаш претходно ги немале.

Како надлежен орган АЕК има обврска да поведе постапка и да ги истражи овие наоди, како и да изрече соодветна санкција.

За дополнителни информации во врска со наодите, АЕК и Т-Мобиле може да се обратат на официјалниот маил на редакцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This