„АКО САКАМЕ МИP, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРАМЕ“: Украина бара преговори со Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Андреј Богдан, шеф на администрацијата на новиот украински претседател, Владимир Зеленски, се залoжи за преговори со Русија.

„Доколку сакаме миp, потребно е да разговараме“, изјави тој за тв 1+1.

Тој додаде дека датумот и условите за пpеговори сѐ уште не се утврдени.

Богдан исто така изјави дека се надева дека ситуацијата може да се pеши по миpен пат.

„Тоа е тежок пат, но е пат кој мораме да го изодиме“, додаде тој.

Неодамна беше соопштено дека Зеленски планира да одржи референдум по прашањето за преговорите со Русија. Подоцна додаде дека тоа ќе биде само обична анкета за да се види ставот на јавноста, но нема да има законодавна иницијатива.

Кремљ за референдумот изјави дека е внатрешна работа на земјата, и дека Русија ќе чека Украина да ја реализира минската спогодба и да ги заштити правата на руските граѓани во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This