АКО САКА ДА МУ ПОМОГНЕ, НЕКА СИ ГО ВРАБОТИ ВО ФИРМА: Мицкоски го повика Заев да го раскине договорот со Хоџа, и да си го вработи во фирма ако сака да му помогне

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лична работа на Заев е желбата да сака да му помогне и да се грижи за семејството на Џезаир Шакири, односно таканаречениот Командант Хоџа. Двајцата делат иста идеологија и исти вредности. Сепак, тоа што се политички истомисленици и постигнале некаков меѓусебен договор, не му дава на Заев за право да го вработува на висока функција во владата и да го плаќа со пари на граѓаните, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Но, тука е важна и една друга порака. Се уште немаме одговор на прашањето кој го заробил, и кој го ослободил Танушевци, и зошто доколку било тоа така надлежните органи не реагирале и не ја известиле јавноста. И суштинската дилема останува, доколку некој се дрзне да направи некое незаконско дело, нападне полиција или нешто слично, наместо да биде санкциониран добива место во Владата. Ова е случај каде се рушат вредности, а преседанот станува правило, рече Мицкоски во видео обраќањето и додаде:

„Предупредувам, дека е исклучително опасно ваков човек да биде поставен на така висока и чувствителна функција. Човекот е на американската црна листа, а сега треба да добива информации кои се државна тајна и да советува околу безбедноста. Го повикувам премиерот Зоран Заев да го раскине договорот за вработување на Џезаир Шакири во Владата и доколку толку многу сака да помогне можеби е добро да го вработи во неговата семејна компанија Тотал инженеринг. Убеден сум дека чесните граѓани на Македонија не би сакале да финансираат некој што се заканувал и велел дека доколку имал оружје, Македонците ќе ги протера од овие простори“.

Воедно, потенцираше Мицкоски, предупредувам дека одговорност мора да се понесе, и не толку далеку од сега ќе мора да дадат одговори за ваквото деструктивно однесување.4

Видео обраќање

Ако некој направи нешто незаконски, наместо да биде санкциониран, тој добива место во Владата, ако Заев сака да го згрижи Хоџа нека го вработи во некоја од семејните фирми.

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, May 7, 2018

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This