АКО ТВОЕТО СРЦЕ НЕ Е ЧИСТО КОН СИТЕ , ТОГАШ НЕ ПРОСИ НИШТО ОД БОГА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

(Кол. 3,15).}

А нашиот Господ и Спасител во Евангелието според Марко им говори на своите ученици:

“Проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови” (Марко 11, 25).

А во Евангелието според Матеј Господ вели:

“Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен” (Матеј 6,14).

Овие зборови се страшни, затоа, ако твоето срце не е чисто кон сите, тогаш не проси ништо од Бога, зашто тогаш Го ожалостуваш Бога кога, бидејќи грешен и имајќи нешто против твојот брат, кој е сличен co тебе, My говориш на Оној што ги испитува и што ги знае човечките срца:

“Прости ми ги моите гревови, како и јас што им проштевам на оние што ми погрешиле”.

Таквиот човек не се моли co својот ум, туку, бидејќи во незнаење, се моли сам co своите усни.

Зашто оној што сака вистински co својот ум да My ce помоли на Бога, во Светиот Дух, co чисто срце, тој најнапред уште пред да почне да се моли, го испитува своето срце дали во него има нешто против некого и, ако неговото срце не е чисто, тогаш греши оној што смета дека се моли, зашто Бог нема да ја послуша неговата молитва.

Тогаш твојот ум не се моли, туку по обичај и по навика го извршува своето молитвено правило.

2. Па така, ако сакаш чисто да го извршуваш твоето молитвено правило, испитувај го најнапред твојот ум и да видиш што има во него, така што кога ќе My ce молиш на Бога да те помилува, и ти да бидеш милостив спрема оние што бараат милост од тебе;

Кога ќе бараш од Бога да ти ги прости твоите гревови, и ти простувај им на оние што ти згрешиле;

кога My ce молиш на Бог да ти ги прости твоите прегрешенија, ни ти не спомнувај ги нивните прегрешенија против тебе.

Ако треба да го правиш ова, тогаш никогаш и не треба да имаш нешто против твоите ближни и ни спрема еден човек. Ако не си сфатил, дека вака треба да My ce молиш на Бога и дека така треба да постапуваш, тогаш знај дека попусто се молиш.

Според зборовите на Светото писмо, Бог нема да те чуе кога ќе My ce молиш да ти ги прости твоите гревови.

3. Нашиот Господ Исус Христос, во Евангелието според Матеја, во Господовата молитва рекол:

“Прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници” (Матеј 6, 12).

А во Евангелието според Лука читаме:

“Проштавајте и ќе ви биде простено” (Лука 6,37).

Исто така, Господ вели:

“Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; ако пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите” (Матеј 6,14-15).

Co сето ова Спасителот како да ни говори:

“Ете, Јас ти ја дадов сета Моја љубов, па и ти се` што сакаш од Мене да ти направам и да ти дадам, направи му го и дај му го тоа истото на твојот ближен.

Тогаш ќе бидеш ослободен од твоите гревови – толку, колку што и ти си им ги простил прегрешенијата на твоите ближни спрема тебе”.

– Ако ти си го очистил твоето срце спрема секое разумно Божјо создание, за да не си спомнуваш за ништо лошо што било направено од него, тогаш треба да го пазиш ова што го бара Бог од тебе.

(Преподобен авва Исаиј)

Подготви Мина Даниловска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This