Ако Филипче лaжe, бројките не лaжaт: Македонија 16 по број на пoчинaти во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пандемијата коси во Македонија. Нема прв, втор или трет бран, туку континуирано влошување на состојбата со алармантен пораст на бројот на заразени и на починати.

Според официјалните податоци, од почетокот на пандемијата до денес во Македонија се регистрирани 54 743 заразени лица од направени вкупно 312,143 тестови. Тоа значи дека на милион жители се заразени дури 26 277 лица. Починати се дури 1511 лица, односно 725 лица на милион жители.

Според овие податоци Македонија се наоѓа на 29 место по вкупен број на заразени во Европа, додека во однос на бројот на жители, се наоѓаме на високо 16 место од вкупно 48 држави. Во светски рамки, Македонија се наоѓа на 31 место по број на заразени на милион жители од вкупно 220 земји.

Уште потрагична е ситуацијата со бројот на починати на еден милион жители, според кој Македонија од утрово е на осмо место во Европа, односно 19 место во светот, веднаш под Италија, Шпанија и Велика Британија, земјите кои беа и сѐ уште се најсилно погодени од пандемијата.

Сликовито, ова значи дека во државата дневно повеќе луѓе умираат отколку што умирале Втората светска војна, кога за четири години, колку што траела тука окупацијата, се губеле 17 луѓе дневно.

За споредба Србија, која има неколку пати повеќе жители од Македонија, досега има регистрирано 121 120 заразени, односно 13 885 заразени на милион жители, што е двојно помалку од Македонија. Вкупниот број на починати во Србија речиси седум пати помал од бројот на жртви во Македонија, односно 137 жртви на милион жители. Србија се наоѓа на 36 место по број на заразени и на починати на милион жители.

И останатите земји од регионот подобро се справуваат со кризата. Грција досега има регистрирано 91 619 заразени. односно 8807 заразени на милион жители. Починати се 1630 лица, или 157 на милион жители. Повторно се работи за земја со неколку пати побројно население од Македонија, но кој се најде на 42 место по број на заразени, односно 34 по број на жртви. Албанија, според официјалните податоци има 32 761 заразени и 699 починати. Во однос на бројот на жители, тоа се 11 398 заразени и 243 полинати на милион жители.

Со оваа состојба, Владата на СДСМ на чело со Заев сѐ уште тврди дека ситуацијата е под контрола, и дека кризата успешно се менаџира. За нив рекордна бројка на заразени и починати во регионот не претставува причина за посериозни мерки како полициски час и карантин, додека земјите со далеку помалку заболени и жртви воведуваат сериозни рестрикции.

Ако во периодот што следи бројките продолжат да растат со ова темпо, а ќе продолжат, и не се воведат посериозни мерки, не чека сценарио полошо од италијанското.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This