АКТИВИРАНИ НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА СДСМ: Дарко Алесков и МОСТ вршат притисок врз ДИК по пресот на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Семејно гласање и непочитување на тајноста на гласањето, злоупотреба на постапката за гласање на избирачи кои не можат да гласаат сами, пропусти во објаснувањето на начинот на гласањето на избирачите, како и за избирачи кои не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список, забележале 2.664 набљудувачи на граѓанската организација „Мост“ на денот на изборите за предвремените парламентарни избори

darko-aleksov-most-sdsm-640x341

Во моментов тече рокот за поднесување приговори за гласањето и доколку бидат поднесени вакви приговори, „Мост“ апелира до ДИК нив сериозно да ги разгледа и да одлучува конзистентно и во согласност со Изборниот законик и со меѓународните добри практики, имајќи предвид дека со оглед на многу малата разлика во освоените гласови на учесниците во изборите, нејзините одлуки можат да влијаат на конечните резултати и распределбата на мандатите во одредени изборни единици.

Интересно е што Дарко Алексов, кој стана милионер одработувајќи за СДСМ, упати стриктен апел до ДИК непосредно пред прес-конференцијата на СДСМ, на која Зоран Заев најави дека СДСМ ќе поднесе приговор за резултатите од ИЕ 6. Заев смета дека СДСМ е оштетен за еден мандат, а симптоматично е што и неговиот поддржувач, радикалниот исламист Бољал Касами од албанската партија Беса обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со манипулации добила нивно место во Куманово во ИЕ 2. Очигледно е дека СДСМ и Беса работат по иста директива и целта им е да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ за два мандата за да го добијат мандатот за формирање влада.

„Мост“ и Алексов одработуваа за СДСМ и во предизборната кампања. „Мост“ им испраќаше заканувачки писма, потпишани лично од Алексов, на администратици, во кои навредливо им даваше насоки како да се однесуваат во предизборието.

Не е изненадување „Мост“ да се вклучи во предизборна кампања иако како невладина организација има надлежност само да ги набљудува изборите. „Мост“ и досега одработувал за СДСМ и се мешал во изборите или не предупредувал за изборни пречекорувања, но зачудува молкот на ДИК, која не смее да дозволи невладина организација да учествува во предизборната кампања.

https://www.youtube.com/watch?v=ET74OxYt-sc

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This