АКТИВИСТИ МУ ДРЖАТ ЛЕКЦИИ НА МАКРАДУЛИ: 2 милиони евра се недоволен буџет за вакво сериозно прашање!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако опозицијата и граѓаните почнаа јавно и гласно да го искажуваат својот револт дека власта ништо не презема за проблемот со загадување на воздухот. Власта во безидејност започна да создава и да најавува некои планови од кои нема видливи мерки и подобрувања.

Имено заменик министерот за животна средина кој спиеше при одржување на Комисија за животна средина при вечерното гостување на емисија на 24 Вести најавуваше стратегија која имала свој оперативен план, акционен план, еден мастер план од меѓународната заедница. И кој што ќе се занимава со проучување на загадувачите, бидејќи тоа бил темелот. При најавување на самата стратегија не кажа ниту една конкретна мерка со која ќе се откријат и спречат самите загадувачи.

Но сепак Макрадули не испушти прилика дури се пофали дека за овој план е обезбеден неверојатен буџет кој што е дури 2 милиони евра.

Имено додека Владата се луксузира со милиони и милиони евра како што фрла 7 милиони за мебел, 1.5 милиони евра за лубриканти, за спречување на загаденоста на воздухот даваат само 2 милиони евра, кои нема да се доволни за реализација на конкретни мерки за загадување на воздухот.

Дури и активистот Антонио Јовановски рече дека со тој буџет многу мал дел од мерки ќе може да се имплементираат. Дури мисли дека овие мерки и овој план е првенствено задоцнет и недоволен.

-Зошто задоцнет и недоволен? Очекувавме како еколошка организација, како приоритет што беше ставено и на самата кампања за избори што беше животната средина беше насекаде, и навистина бев позитивно изненаден од тој пристап на моментално владејачката коалиција, а дел од тоа беше и фондот за животна средина. Дел од програмата беше и фондот за животна средина, а владата стапи на функција лани од јуни и имаме повеќе од година ипол,а сега се промовираше планот пред месец дена. Повеќе од година ипол на такво сериозно прашање дури сега се дава план е доста несериозно. И Буџетот е недоволен за вакво прашање, појасни активистот Јовановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This