Активисти на СДСМ од Бутел преку социјалните мрежи го искажуваат своето незадоволство од работата на градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, кој како кандидат на СДСМ бара доверба за втор мандат.
-Oрганизација на митингот на СДСМ во Бутел, како да сте на опера. До пред четири години штабовите ни беа во кокошарници, сега на два ката, а ова е дно. Се покажа како се крадат парите на народот, те нашите пари. Срам ве било арамии. На Вељо сум му донел 1.000 гласа, сега ќе му земам 2.000. Човек да ви даде фотелја да ви го види лицето, пишува активистот на СДСМ.
Во објавата апелира до сите кои на минатите избори гласале за Петре Шилегов, сега да гласаат за Бени Шакири.