Активни два пожари во Прилеп, општинскиот kpизен штаб на вонреден состанок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вечерашниот состанок на Општинскиот кризен штаб, свикан на барање на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, се расправаше за новонастанатата ситуација со пожарите кои деновиве ја зафатија околината на Прилеп.
-Да напоменам дека во текот на вчерашниот и денешниот ден изгаснат е пожарот на потег Канатларци – Подмол, додека пожарот кој почна на 2 август на потегот Топлица – Ракле – Никодин се уште е активен. Денеска во попладневните часови се зголемија трите краци, едниот крак оди кон населеното место Никодин, вториот крак се движи од Ракле кон запад и третиот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп – Градско. На денешниот кризен штаб се договоривме дека рано наутро, 30 припадници на Армијата, 16 претставници од Македонски шуми и ТППЕ да се упатат на местото на настанот се со цел да се укаже помош. Јавните комунални претпријатија исто така се мобилизирани и ќе бидат на повик доколку е потребно засилување, посочи градоначалникот Јованоски.
Тој потенцираше дека е во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, командирите на ТППЕ и Армијата, како и со директорите на јавните комунални претпријатија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This