April 27, 2024, 12:35 am

Актуелната власт на земјоделците се сеќава само пред избори кога им дели лaжни ветувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес на Комисијата за финансирање и буџет се обрати и пратеничката Благица Ласовска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ласовска посочи дека власта ги доведе до питачки стап земјоделците, даваат ветувања пред избори, а потоа не ги исполнуваат.

„Предлагаме со амандман да се обезбедат 300 милиони денари за интервентен фонд за земјоделието. Значи кога велиме земјоделие мислиме на сите култури. Согласно законот стратешка култура во Македонија за земјоделието е пченицата. Освен лозарите, и земјоделците кои одгледуваат пченица се погoдени од неспособноста на оваа власт“, истакна Ласовска.

Ласовска додаде дека актуелната власт на земјоделците се сеќава само пред избори кога им дели лaжни ветувања.

„Заев на земјоделците велеше дека земјоделецот ќе биде достоинствен, има глобална побарувачка за храна, македонскиот земјоделец да биде спокоен. Заев ветуваше дека цената на производот ќе се знае однапред. Но за жал земјоделците не ја дознаа однапред цената ниту на житото, ниту на грозјето“, потенцира Ласовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This