АКТУЕЛНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИФА ПОВТОРНО СЕ КАНДИДИРАШЕ: Тој е единствен кандидат за претседател на федерацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својата официјална веб-страница потврди дека сегашниот претседател на организацијата Џани Инфантино, ќе биде единствениот кандидат на претстојните претседателски избори.

Изборот на новиот шеф на ФИФА ќе се одржи на 5 јуни 2019 година на конгресот на организацијата во Париз.

Претходно беше објавено дека Инфантино ја има поддршката од 196 национални федерации од вкупно 211.

Конкуренција на Инфантино требаше да биде Рамон Вега, но неговите шанси, дури и да успееше да се регистрира како кандидат беа минимални.

За потсетување, Инфантино ја предводи ФИФА од февруари 2016 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This