АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО КАПИШТЕЦ: Фатен службеник на УЈП додека земал мито во кафуле во „Зебра“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема полициска акција во моментов се случува пред трговскиот центар Зебра во скопски Капиштец.

Очевидци велат дека пред малку, полициски службеници уапсиле едно лице во кафулето во трговскиот, откако кај него пронашле плав плик во кој веројатно имало пари.

Според информациите , мажот на возраст од околу 50 години седел во кафулето кога му пришло едно лице. Седнало на неговата маса и му предало син плик.

Веднаш по тоа во кафулето влетала полиција и го уапсила мажот.

Во моментов, како што информираат очевидци, приведениот е пред кафулето каде полицијата го има спуштено на колена и му ставила лисици.

Од МВР се уште не можеме да добиеме официјална потврда за случајот ниту пак за идентитет на приведениот.

пресс24.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This