April 23, 2024, 11:57 am

АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈАТА НА БЕЛАСИЦА: Речиси цел месец гори планината, никој не го гасне пожарот – мештаните исплашени дека некој намерно ја пали шумата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе 20-ти ден гори борова и букова шума на планината Беласица, над селото Габрово, а информирацијата ја потврдуваат од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица. Со оглед на големината на пожарот бројот на 12 вработени кои се испратени д Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица да се справат со пламената стихија на планината е премал

 

Токму ваквата немарност на институциите отвора сомнеж дека пожарот намерно не се гаси. Според шпекулациите кои кружат во јавноста пожарот не се гаси со една и единствена причина, да се соголи шумата и да се исечат дрвјата на локацијата каде е активен пожарот.

Во пожарот според досегашните информации биле зафатени околу 105 хектари високо стеблеста шума бука и бел бор, а не се исклучува можноста многу поголема површина на шума да е уништена при пожарот. Од шумското препријатие во Струма шпекулираат дека откако почнала ловната сезона, се почесто има и пожари на планината Беласица и затоа апелира до сите кои се движат низ шумата, особено ловците, да бидат повнимателни и да не палат оган на отворено.

Сепак постојат и сомнежи дека станува збор за нечии бизнис интереси, а мештаните тврдат дека се работи за одработување на изборните долгови кон дел од населението во Струмица, на кои фамилијата Заеви им должи тоа што им ветиле. Дрва за бизнис.

Она што дополнително ја усложнува ситуацијата и ги подгрева сомнежите е фактот што гори исклучиво висококвалитетна дабова и букова шума, а на местото се наоѓа една екипа на противпожарната бригада, за која упатените тврдат дека не ниту приближно доволна за гаснење на огнот.

Според познавачите, во минатото кога имало пожари на Беласица, се интервенирало итно, а по потреба се вклучували и „Канадери“ за да се изгасне пожарот бидејќи планината над Струмица се смета за една од најважните дрвни ресурси на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This