Алармантни бројки во Британија, Македонија ја укинува зaбраната за летови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека во Мидлендс, североисточниот дел на земјата, делови од северозападниот и југозападниот дел на земјата ќе започнат со примена на рестриктивни мерки на четврто ниво од четврток на полноќ. Угостителските објекти и продавниците кои не се неопходни се веќе затворени, а членовите на различни домаќинства нема да смеат да се мешаат едни со други.

„Британскиот NHS (здравствена услуга) е под огромен притисок – во моментов има повеќе од 21.000 пациенти во болниците со дијагностициран коронавирус“, им рече тој на британските пратеници.

“За жал, оваа нова верзија на вирусот сега се шири и продолжува да се шири низ поголемиот дел од Англија, а бројот на нови случаи на инфекција рапидно се удвојува. Затоа, треба да се применат рестриктивни мерки на ниво четири на пошироката област на земјата”.

Ханкок додаде дека заклучно со четврток, дури три четвртини од населението во Англија ќе бидат опфатени со најстрогите ограничувачки мерки од четврто ниво.

И покрај крајно загрижувачката состојба во Велика Британија, македонската влада, неколку денови по донесувањето на забраната за летови од Велика Британија, истата денес ја укина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This